Поевтини огревни дрва за 10%, за социјално ранливите категории 15%

 

Од  денес па до 30.09.2014 година сите заинтересирани граѓани од Македонски шуми ќе можат да набават буково огревно дрво од прва класа поевтино за 10% со паќање во готово, а лицата од социјално ранливите катефории поевтино за 15 %. 

Ова денеска го истакна Тони Јованов, помошник - директор на Сектор за уредување на шуми, ловишта и проектирање при Македонски Шуми.

Јованов упати апел до сите грѓани да внимаваат од каде набавуваат дрво за огрев за да не испадене парите да си ги дадат за џабе и дрвата да им бидат одземени. За дрвата кои што ќе ги купат од продавачот тие треба да побараат испартница и дрвата да бидат жигосани.

04.08.2014 - 11:36
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега