Ампутирани два прста - лекарите се борат за раката на навивачот
Плаецот и показалецот се ампутирани од левата рака на вардаровиот навивач Горан Николовски - Турчин. Како што дознава Press24 од извори на скопските Клиники, лекарите успеале да му ја спасат дланката а се борат за уште еден негов прст. Извршени се хирушки интервенции и според информациите од блиските на Горан, тој е во добра општа состојба.
Тој заработи повреда на вчерашниот меч меѓу Пелистер и Вардар во Битола, кога при интервенција на полицијата, експлодираше шок бомба. Покрај него, повредени се уште 11 навивачи од кои двајца имале потешки повреди. Сите се во добра општа состојба.
04.08.2014 - 12:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа