Комитите на пат кон Скопје ограбиле бензиска
И.Ј. вработен во бензинска пумпа Макпетрол Дреново вчера пријавил во полициската станица во Кавадарци дека вечерта околу 22.00 часот додека бил на работа, на бензинската застанал автобус со навивачи од Скопје, кои се враќале од Битола.
-Откако си заминале, истиот пријавил дека на безбедносната камера видел како во згодна прилика од некои навивачи од фрижидерот му биле одземени повеќе 30 парчиња разни сладоледи, а од внатре од рафтовите еден дезодоранс и разна прехрамбена роба, за која дополнително ќе утврдат што точно им е одземено и заедно со видео материјалот дополнително ќе достават пријава, информираат од полицијата.
Полицијата работи на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа