„Заштита на трговската марка на производите од прекугранична соработка“

 

Стопанската комора на Северозападна Македонија денеска во Кичево ќе го презентира Проектот „Заштита на трговската марка на производите од прекугранична соработка“, финансиран од Европската унија.

Проектот ќе го спроведе Стопанската комора на Северозападна Македонија во партнерство со Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија и Генералната управа за патентирање на трговски марки на Република Албанија. Требас да се реализира за 18 месеци, а е во рамките на 3-тиот Повик за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија – Програма ИПА 2007-2013.

Проектните активности ќе се реализираат во полошкиот и југозападниот регион на Македонија, и ќе ги опфати градовите: Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Струга и Охрид од македонска страна, како и градовите Корча и Дибра од албанска страна, се вели во соопштението од Стопанската комора на Северозападна Македонија. 

05.08.2014 - 09:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега