Груевски ги покани Кејт и Вилијам во Македонија

Претседателот на Владата, Никола Груевски, вчера беше дел од одбележување на стогодишнината од почетокот на Првата Светска Војна во Лиеж. Меѓу големиот број гости се најдоа и принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, со кои македонскиот премиер остварил неформален разговор и ги поканил да ја посетат Македонија.

Во Лиеж се собраа над 50 шефови на држави и влади, а на свеченото одбележување покрај претседатели и премиери имаше и претставници на кралските семејства од цела Европа. Говорниците оддадоа почит на над 8 милиони војници и цивили кои загинаа во Првата светска војна. 

Инаку, во Првата светска војна загинаа 8,5 милиони луѓе, а 21,2 милиони беа повредени.

05.08.2014 - 11:09
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега