Започна проектот „Културно лето, културна зима“

Берово, Дојран, Ресен и градот на културата за 2014 година Крушево, заедно со Министерството за култура го реализираат проектот „Културно лето, културна зима“ со што ќе се создадат предуслови за развој на севкупниот туристички сектор во Македонија. Според Министерството за култура, овие општини имаат големи туристички потенцијали и ќе им овозможат на граѓаните и туристите од регионот да уживаат во богатата културно-уметничка програма во текот на летото.

Во Крушево, градот на културата за 2014 година, во тек е манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ и Летниот саем на книгата кој ќе трае се до 15 август.  На саемот во Домот на културата „Наум Наумовски-Борче“ освен промоциите на повеќе книги од познати автори посетителите ќе можат да се дружат и со младите писателки Елена Христова и Ирена Блажевска. На градскиот плоштад со почеток во 21 часот концерт ќе одржи познатиот естраден уметник Миле Кузмановски

Во Домот на културата утревечер со почеток во 20.30 часот  граѓаните и посетителите на Крушево ќе можат да уживаат во  класичната музика. Во рамки на вечерта на оперски дуети насловена „ Љубовни приказни“ ќе настапат  сопранот Билјана Јосифов и тенорот Дарко Нешовски во пијано придружба на Милан Јанкуловски, стои во соопштението.

 

 

05.08.2014 - 11:20
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега