Попладне останете дома: Иде Бранко

Денеска попладне над Балканот доаѓа студен фронт кој се спушта од Алпите и ќе донесе многу нестабилно време. Се очекува да се формира висински циклон над Балканот, известуваат од метеоролошкиот форум serbianmeteo.com. Овој циклон, на кој веќе му е дадено името Бранко, ќе донесе многу нестабилно време со обилни врнежи, силен ветер и град. Се очекуваат и силни громови, особено во ноќта меѓу вторник и среда. 

Македонија од денеска попладне повторно ќе биде под влијание на нестабилна воздушна маса што ќе услови во наредните денови нестабилно време проследено со пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Оттаму посочуваат дека нестабилно денеска ќе биде најпрво во западните, а потоа и во останатите делови од земјата, а овие процеси ќе продолжат и во ноќните часови. Локално ќе има и појава на невреме со интензивен пороен дожд, град и силни електрични празнења. Се очекува да наврнат и поголеми количини на воден талог, над 30 литри на метар квадратен.

Процесите ќе бидат во форма на невреме и во текот на утрешниот ден, а постабилно време се очекува за време на викендот.

Од УХМР препорачуваат во случај на појава на електрични празнења да има поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, а стадата да не бидат во големи групи, туку раздвоени

05.08.2014 - 13:09
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега