Мостот „Гемиџии“ доби нов лик

По извршената реконструкција денеска во Велес повторно е пуштен во функција мостот „Гемиџии“ на Вардар или попознат како Нов Мост. Мостот за кој Владата издвои 500 илјади евра и кој во изминатите три месеци се реновираше од страна на Јавното претпријатие за државни патишта во функција за секаков вид на сообраќај и за пешаците е пуштен скоро еден месец пред рокот.

- Првично беше најавено дека до крајот на август мостот ќе биде пуштен за сообраќај и движење, но ние го завршивме предвреме еден месец, изјави денеска за медиумите Љупчо Георгиевски, директор на ЈП за државни патишта.

Најголем дел од работите на мостот долг 170 метри се завршени. Мостот беше целосно соголен до носивата конструкција, која беше целосно зајакната и сега е во стабилна состојба. Потоа беше целосно асфалтиран, а моментално се работи на фарбање на оградата, рече тој.

Георгиевски информира дека останува да се направат поправките на долниот дел од мостот на кој се уште се работи.

- Иако првично беше најавено целосната реконструкција на мостот „Гемиџии“ да заврши на почетокот на 2015 година, сакам да им ветам на граѓаните на Велес дека во октомври годинава мостот целосно ќе биде завршен и официјално пуштен во функција, најави директорот Георгиевски.

05.08.2014 - 13:21
Фото: 
лидер
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега