Инсталиравте Messenger на Facebook? - ќе се шокирате што се сте прифатиле
Уште неколку дена и четувањето на Facebook Ќе биде достапно само преку посебната Messenger апликација. Се разбира, многумина ќе ја инсталираат на својот телефон, а таа, освен што ви ја убива рам меморијата на телефонот и ви зема дваесетина мегабајти простор, силно удира и по вашата приватност.
Од Facebook велат дека им е послесно да одржуваат посебна апликација на разговор, што е точно, но не кажуваат, кои се услови ги прифаќате кога набрзина ќе кликнете instal на Плеј маркетот.
Еве дел од нив.
- Промена на состојбата на мрежното поврзување
- повикување на телефонски броеви без вапа интервенција, што може да доведе до неочекувани трошоци или позиви. Злонамерните апликации можат да повикуваат броеви без вие да потврдите што ќе направи трошок на вашата сметка.
- праќање на СМС пораки. Злонамерни апликации можат да праќаат пораки без вие да потврдите.
- снимање на звукот од микрофонот на вашиот телефон. Со оваа дозвола можете да бидете снимани без да знаете, а некој злонамерна апликација ако ви го нападне телефонот, преку системот за пораки на facebook може да следи што разговарате и кога телефонот ви е оставен на маса.
- снимање слики и видео од вашата камера без ваша дозвола. Вашата приватност може да биде нарушена.
-читање на вашиот именик, вклучувајќи го и листингот на повикани и примени повици
- читање на податоците за вашите контакти кои ги чувате во именикот како и фреквентноста на комуникација со нив, нивните електроски адреси, односно апликацаијта знае кога, како и во колкав обем сте комуницирале со некого
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа