ФОТО: Македонци наместо на плажа останаа на улица во Кушадаси

Македонски туристи наместо на плажа, останаа на улица во Кушадаси. Преку туристичка агенција од Скопје требало да бидат сместени во хотел, ,но кога пристигнале по 15 часа пат, им рекле дека нема соби. Од агенцијата велат дека туристите се веќе сместени , наспроти тврдењата на туристите дека не смеат да престојуваат ниту во холот на хотелот, пренесува Канал5.

 Наместо песок, море, коктели, 8 мина клиенти на туристичката агенција Виор 2 останаа без хотелска соба за која си ги дале парите. Ја контактирале Виор 2, а од таму испратиле свој претставник, но неговата понуда, како што вели измамениот Александар за Канал 5, била несоодветна на договорот за купениот аранжман.

-Иако имаме потпишано договор кога стигнавме во хотелот , не ни ги дадоа хотелските соби. Прво ги баравме во агенцијата но не се јавуваа, ги добивме подоцна , од таму ни рекоа дека ќе ни испратат свој претставник но досега никој не дојде. Од хотелот ни рекоа дека не може да не сместат бидејќи немаме уплатено аранжман, изјави Александар, измамен турист.

Од Канал 5 ги контактирале и Виор 2. Од таму изјавиле дека сопственикот е на пат, но во неколку наврати убедуваа дека нивните клиенти се веќе сместени. Немало проблем, тие само биле нестрпливи да влезат во хотелските соби. Ова се сликите што Александар ги испрати попладнево на маилот на Канал 5. Евидентно е дека тие се надвор од хотелот, во очекување да се сместат.

05.08.2014 - 15:16
Фото: 
канал5
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега