Циклонот Бранко пристигна во Македонија - во Скопје ќе „удри“ на полноќ

Студен бран повторно ја зафати Македонија. Циклонската активност преку Алпите се спушта во регионов. Нашава земја веќе е зафатена од дожд, а во текот на наредните неколку денови се очекува нестабилноста да се засили и да се манифестира со пообилни врнежи, грмотевици, силен ветер и локална појава на град. 
 
Врнежи од дожд се регистрирани во северозападниот дел на Македонија и во Малешевијата, но со опслаб интензитет. Според УХМР, во Крива Паланка до 17 часот наврнале 7 литри дожд на метар квадратен.

Според метеограмите, во Скопје, врнежите се очекуваат околу полноќ. Според предвидувањата, нема да има мноу дожд, односно во текот на ноќта ќе наврнат околу 10 литри на метар квадратен

 
05.08.2014 - 22:59
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега