Странските инвестиции го билдаат извозот - „Џонсон Мети" рекордер
Извозот порасна за 17, 8 проценти во првите шест месеци од годинава. Дури 25 отсто од вкупниот пласман на домашните производи на странските пазари е по заслуга на инвеститорите во зоните, пишува Лидер.
„Вкупниот извоз на странските инвеститори што работат во слободните зони, според проекциите за годинава се очекува да порасне за 50% и ќе достигне вкупна вредност од над една милијарда евра. Како процент од вкупниот извоз на земјата, извозот на компаниите од зоните во 2013 година достигна 25%, а за 2014 година се очекува тој да се приближи до една третина од вкупниот извоз на земјата“, изјави неодамна Виктор Мизо, директор на ДТРИЗ.
Инвеститорите освен што помогнаа за раздвижување на економијата, целосно ја променија и структурата на извозот. Текстилната индустрија повеќе не е во предност. Сега најмногу се извезуваат катализатори, а од зоните се извезуваат и автобуси, пишува Лидер.
Фабриката на Џонсон Мети во Бунарџик е рекордер, односно е на прво место на листата и кај најголемите увозници и кај најголемите извозници во државата.
Целосната анализа, прочитајте ја на Лидер
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа