Цените во Охрид- три пати поевтини од Грција

 

Цените во Охрид споредбено со цените за иста класа на хотели, ресторани и кафе барови во Грција, се за три пати поевтини. Ова денеска го истакна градоначалникот Никола Бакрачевски.

Полупансион во охридските хотели чини од 1.000 до 6.000 денари, а за апартмантско смесување во хотел цените се од 6.000 до 12.000 денари и тоа само во два најлуксузни хотели во Охрид. Цените на пијалоците во угостителските објекти се дефинирани. Соковите, односно безалкохолните пијалоци во Охрид може да се купат од 50 до 80 денари. Пивото се купува за цена од 60 до 120 денари.

-Цените на кафињата се движат од 40 до 120 денари. Има неколку кафулиња во центарот на градот кои нудат турско кафе за 20 денари, или еспресо заедно со минерална вода за 50 денари, нешто што во соседството не може да го добиете. Фаст-фуд рестораните работат ден и ноќ, а цена на хамбургер е од 80 до 120 денари, пицата на парче се продава од 60 до 80 денари. Цените се прифатливи за сечиј џеб. Ако ги споредите со цените во северна Грција, за иста класа на кафе барови, ресторани и иста класа на хотели, во Охрид се сигурно за 3 до 5 пати поевтини од таму, изјави Бакрачески.

 

07.08.2014 - 13:32
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега