Досега откупени 75.000 тони пченица
Вкупно 75.000 тони пченица се откупени досега по просечна цена од 11 денари за килограм. За ова денеска информираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков кој посочи дека годинава приносот е рекорден, од 3,5 тони на хектар до дури шест тони во Пелагнојија, но квалитетот е послаб.
- Владата ќе продолжи да ги поддржува земјоделците, да им помага, особено на помалите, но и тие од своја страна треба нешто да сторат. Мора да го подобрат производството, да употребуваат квалитетно, сертифицирано семе, и соодветно да ја обработуваат почвата, истакна Цветков.
Во врска со состојбата во лозарствто, Цветков рече дека уште пет визби не ги подмириле ланските долгови за откупеното грзоје, но тоа сигурно ќе го сторат по продажбата на виното кое го имаат доволно во залиха.
Министерот најави измени на законот за заштитните препарати во земјоделството. Ќе се дефинира конректно кој ќе може да ги увезува. Притоа, обврзно ќе биде декларирањето со точно назначено потекло и содржина. Пред пуштањето на препарартите во промет ќе се анализира процентуалната застапеност на активната материја во нив со оглед на можните малверзации во овој дел, односно разредувањето и продажбата по повисоки цени. Цветков подвлече и дека е недозволиво тоа што препаратите за заштита во земјоделството кај нас се три пати поскапи во однос на оние од соседството и Европа. Согласно законските измени, ќе се пропишат и казни за увоз на несоодветно декларирани препарати кои меѓу другото ќе предвидуваат и одземање на лиценците за продажба на најмалку пет години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа