Откриен идентитетот на мртвиот маж пронајден во Охрид

 

По мерките кои вчера ги презема полицијата, беше откриен идентитетот на мртвиот маж кој беше пронајден кај Градскиот пазар во Охрид. Според податоците, се работи за 73-годишниот Цветан Ј. од охридското село Куратица кој бил идентификуван од член на неговото семејство. 

Врз неговото тело нема траги на насилство што е констатирано по извршен патолошки преглед, по наредба на дежурен Јавен обвинител, информираат од СВР Охрид.

Инаку, починатиот вчера беше забележан паднат на тротоарот кај градскиот пазар, по што со возило на Брзата помош бил итно пренесен на интерното одделение во oпштата болница каде што починал.

08.08.2014 - 09:41
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега