Македонец повреден во сообраќајка во Србија

 

Во директен судир во близина на Владичин Хан тешко е повреден македонскиот државјанин , 44 годишниот Адем Д, пренесува Канал 5 телевизија.

 

Како што пренесува телевизијата, повредениот се судрил со камион со италијански регистарски таблички. Тешко повредениот македонски државјанин бил прво префрлен во болницата во Врање, а поради сериозните повреди потоа е префрлен во нишкиот клинички центар.

08.08.2014 - 21:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега