Нема одмор за арамиите - кочанчанец остана без 2000 евра

 

Во периодот од 7 до 8 август годинава, во станот сопственост на С.Ј.(57) од Кочани, непознат сторител извршил тешка кражба.

Сторителот насилно делувал на влезната врата, влегол внатре и по извршено пребарување по собите одзел пиштол „Застава М70“, 10.000 денари, разновиден златен накит и рачен часовник.

Тој се стекнал со противправна имотна корист од околу 120.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

09.08.2014 - 14:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега