Кратово: Се поднапил нешто повќе па претепал полицаец

 

Во угостителскиот објект „Паб Корнер“ во Кратово по пријава за нарушување на јавниот ред и мир, полициски службеници излегле на местото на настанот.

При приведување на 41-годишниот С.И. лицето Н.П.(27) од Кратово, ги спречувало полициските службеници во вршење на службени дејствија, при што еден од полициските службеници се здобил со телесни повреди во пределот на десната нога.

Истиот е пренесен во Здравствениот дом во Кратово, а потоа е префрлен во Медицинскиот центар Куманово.

Лицето Н.П. е лишено од слобода и задржано во полициската станица во Кратово, каде му е извршено алкотестирање, при што е утврдено присуство на алкохол во крвта од 1,61 промили.

 

 

09.08.2014 - 14:14
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега