Македонија мора да ги искористи санкциите на Русија кон Западот!

 

Македонските фирми имаат одлична можност да го искористат моментот со санкциите кои Русија им ги наложи на ЕУ и да го рашират бизнсот кон рускиот пазар. 

И покрај тоа што засега немаме договор за слободна тргоција со Русија, македонските производи имаат одлична можност да завршат на рускиот пазар. Русија изрече санкции кон земјите од ЕУ, САД, Австралија и Норвешка, па оттука според првиот човек на една од фирмите кои што важат за најголеми извозници во Македонија, „Душан Ќириќ“, Кире Шошев, ова е одлична можност за проширување на соработката со руските партнери. 

„Нормално е дека рускиот пазар ќе се отвори дополнително за нас. Ние и досега работиме но малку тешко со оглед на конкуренцијата од ЕУ чии фирми извознички на земјоделски производи настапуваат со ниски цени за кои подоцна добиваат своевидна финансиска поддршка од Брисел за секој извесен килограм. Ние добиваме субвенции од државата но сепак тоа е недоволно со оглед дека извозот ни е оптоварен со царински давачки. Но во актуелната ситуација сигурно дека извозот ќе се зголеми, ние се обидуваме да имаме ниски цени. Ние го имаме извозот кон Русија и за тоа сме и многу благодарни на оваа земја, но очекуваме да се бара повеќе стока. Капацитети имаме, останува да видиме како ќе се одвиваат работите“, коментира Шошев.

Повеќе на dw.de

09.08.2014 - 15:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега