Изгубил контрола на шлеперот и предизвикал штета од милион денари!

 

Дваесет и шест годишниот М.С. од с. Новаци, битолско, управувајќи со тешко моторно возило „Ман“, предизвикал сообраќајна несреќа и материјална штета од околу милион денари.

Тој удрил во транспортниот систем сопственост на РЕК Битола, при што оштетил 16 валјаци, околу осум столбови, дваесетина капаци од системот, искината сајла, оштетување на металната конструкција и на една сигурносна склопка.

Со оштетувањето причинета е материјална штета од околу 1.000.000 денари.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

10.08.2014 - 12:40
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега