Од полноќ нови цени на горивата низ Македонија

Од полноќ горивата на бензиниските пумпи низ Македонија ќе се точат по нова цена. Дали ќе возиме поскап или поевтин бензин ќе се знае по завршувањето на состанокот на Регулаторната комисија за енергетика. Некаде околу пладне се очекува регулаторите да ги објават новите цени на горивата за наредните 14 дена и истите ќе важат од полноќ.
Пред две недели, на 29 јули, Регулаторна ги намали цените на горивата.  Евросупер БС95 поевтини за еден денар и во моментов се точи за 80 денари по литар. Евросупер БС98 во последните 14 дена се точи за 1,5 денари пониска цена односно еден литар изнесува 81,5 денари.
Евродизелот стана поевтин за половина денар и во моментов се точи за 67 денари по литар.

11.08.2014 - 10:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега