ПОДОТВЕТЕ СЕ: Доаѓа неверојатен пекол во Македонија

Во Македонија во понеделник ќе биде сончево и топло. Слаб северен и северозападен ветер, а понекаде во западните предели ќе дува и слаб североисточен ветер. Максималните дневни температури ќе достигнат до 27°C односно до 37°C. УВ индекс 8, пишува специјализираниот портал за временска прогноза Weather4all

Во Скопје во понеделник сончево и топло. Слаб северозападен ветер и максималната дневна до 35°C. УВ индекс 8. 

Во вторник тропски ден, ќе биде сончево и топло. Слаб ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Утринските температури од 14°C до 22°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 28°C до 38°C. УВ индекс 9.

Во среда тропски ден, сончево и многу топло. Слаб јужен и југоисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 16°C до 24°C, а максималните дневни температури од 29°C до 39°C. УВ индекс 9. 

 

 

11.08.2014 - 11:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега