Пукање во Тетово - двајца во болница
На улицата „Илинденска“ во Тетово се случувала вистинска крвава драма откако две засега непознати лица со пиштол испукале неколку куршуми кон 46-годишниот М.А. и 38-годишниот Е.А. од Тетово.
Според податоците од полицијата, М.А. се здобил со прострелна рана во пределот на левата подколеница, додека Е.А. во болница завршил со прострелна рана во пределот на стапалото. Повредените се пренесени во Клинички центар Тетово, а поради сериозноста на повредите биле префрлени во Клиничкиот центар во Скопје.
Полицијата работи на откривање на насилниците.
11.08.2014 - 11:56
Фото:
дневник
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа