Нов инцидент во кафулето Њу Орлеанс во Скопската Чаршија
Нов инцидент се случи во кафе барот „Њу Орлеанс“ во старата скопска чаршија, кој неодамна беше цел на напад поради „пуштање на македонска музика“. Неколлку интернет портали, повикувајќи се на сведоци пренесоа дека повторно група млади луѓе се појавила доцна навечер во кафулето, со пивско шише го искршиле излогот на барот, го истепале шанкерот и му се заканиле со зборовите: „Оди си од овде или секој ден истово ќе ти го правиме”. Според истите сведоци, станува збор за пријатели на двајцата уапсени поради претходниот инцидент во „Њу Орлеанс“ кога беа искршени неколку прозорци и компјутерот на ди џејот, а со послесни повреди поминаа неколкумина вработени и сопственикот на кафе барот.
Од МВР за телевизија Алфа потврдиле дека навистина имало нов инцидент но според верзијата која и била доставена на полицијата тој не е поврзан со претходниот случај. Имено, била пријавена тепачка меѓу двајца гости, која завршила без повреди или оштетување на инвентарот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа