Дечиња од Велес заминаа на климатска рехабилитација на Пелистер

Во организација на Здружението на родители за грижа за здраво поколение во соработка со Министерството за животна средина и општина Велес, по 13-ти пат утрово од Велес за Пелистер заминаа 100 деца.

Со децата од Велес, во втората смена на Пелистер заминаа уште 30 деца од Осломеј од Кичево и 30 деца од Миладиновци од општина Илинден. Во исто време, денеска од Пелистер се вратија 150 деца од Велес и 50 деца од Возарци- кавадаречко кои престојуваа во првата смена на Пелистер.

Тие во наредните осум дена ќе престојуваат на климатска рехабилитација и чист воздух далеку од нивните загадени средини.

Како што изјави Иванка Андова претседател на Здружението за грижа за здраво поколение, целта на оваа планинска рехабилитација е децата да престојуваат на чист воздух во Пелистер во што многу ќе се подобри нивното здравје.

Андова дава пример дека во сите овие 12 години наназад болните деца со респираторни заболувања и асма, како последеца од  тридецениското загадувањето на Велес, а кои заминале на рехабилитација на Пелистер по враќањето од планина имале подобрено крвна слика. Воедно потенцира дека и терапијата на лекови немале потреба да ја земаат во наредните пет-шест месеци.

За престојот на децата на планина на Пелистер половина од цената ја обезбедува Министерството за животна средина, а останатата половина во минимален износ од 3.300 денари ја плаќаат нивните родители.

МИА

11.08.2014 - 15:10
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега