Спасов денеска во Приковци - парична помош за семејството чија куќа изгоре во пожар
Денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов ќе го посети семејството Додеви во кратовското село Приковци, чија куќа неодамна беше опожарена.
Спасов на Зоран и Верица Додеви ќе им додели еднократна парична помош.
Пред неколку дена ова семејство со неколку дечиња го загуби својот дом во пожар.
ФОТО: Пулс24