Кочанчани денеска без вода за пиење

Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ од Кочани продолжува со реконструкцијата на дел од водоводната мрежа во централното градско подрачје,согласно програмата на општината за реконструкција на водоснабдувањето на жителите на Кочани.

- Поради реконструкција наз водоводната мрежа на улицата „Раде Кончар“ ќе има прекин во испораката на вода почнувајки од 8.00 до 16 часот. Без вода ќе бидат и улиците „Скопска“, „Глигор Прличев“, „Малина Попиванова“, „Скоевска“,„Ристо Симеонов“, како и правните лица од малото стопанство во индустрискиот дел на Кочани,заедно со детската градинка кај Тикешински лозја, изјави Љупчо Папазов, директор на КЈП „Водовод“.

Со ова 80 проценти од водоводната мрежа во централното градско подрачје на Кочани ќе биде заменета со нова, што е согласно потпишаниот договор на општина Кочани и Светска банка за реконструкција на водоводната мрежа во Кочани.

12.08.2014 - 11:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега