„Менталното здравје на младите е важно“

Возрасните имаат родителска одговорност за младите луѓе и за тоа постои општеството, порача британскиот амбасадор во Република Македонија Чарлс Герет на денешната трибина „Менталното здравје на младите е важно“, која се одржува по повод Меѓународниот ден на младите, во организација на Националниот младински совет на Македонија.

- Овој проект ќе ги донесе искуствата на британските младински организации кои ќе се споделат со членовите на македонскиот младински совет. Се надеваме дека ќе ги зајакнеме демократијата во Македонија и македонското општество преку негување на граѓанска и политичка едукација за млади и зголемување на свеста, добивање знаење и изградба на потенцијалот и ангажманот на младите луѓе во демократските процеси, истакна Герет.

На трибината се говореше за важноста за менталното здравје за младите,  за состојбите на младите во Македонија, како и за иницијативите за подобрување на менталното здравје кај маргинализираните популации. Присутните, претежно млади, имаа можност преку дискусија да разговараат за своите проблеми со кои се справуваат.

Меѓународниот ден на младите се одбележува секој 12 август. Неговото меѓународно одбележување започна во 1999-та година од страна на Генералното собрание на Обединетите нации.

12.08.2014 - 13:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега