Еве како веднаш да проверите дали ве водат како должник за радиодифузија

 

На сајтот - etax.ujp.gov.mk, на секој граѓанин – обврзник на РДТ му е овозможен бесплатен, брз и едноставен пристап до евиденциите на УЈП за платени и неплатени решенија за радиодифузна такса.

Се што треба да се направи е да се регистрира на електронските сервиси за РДТ и со корисничката лозинка од УЈП да изврши увид во евиденцијата. е-Даночните сервиси за Радиодифузна такса (РДТ) овозможуваат од било кое место и во било кое време 24/7 да вршите on-line:

  • Увид во евиденцијата за радиодифузна такса
  • Преглед на платени и неплатени решенија за РДТ

Доколку прв пат пристапувате и немате креирано ваш профил, кликнете на линкот регистрирај се и  следете ја процедурата.

Постапката на регистрација за електронските сервиси за РДТ е бесплатна за граѓаните. 

На даночните обврзници (правни лица, вршители на дејност и физички лица) кои се регистрирани во системот за е-Даноци со дигитален сертификат, автоматски им се овозможени и електронските сервиси за РДТ и не е потребна дополнителна регистрација.

Инаку, уште во јуни годинава, за 31.660 фирми, правни лица и вршители на дејност, УЈП достави опомени поради заостанати долгови и неплатена РДТ во вкупен износ од 37 милиони денари денари, како и за над 100.000 граѓани. Рокот за наплата беше една седмица од денот на приемот на опомената, по што, како што соопшти УЈП, ќе почне постапката за присилна наплата, при што трошоците паѓаат на товар на обврзникот.

12.08.2014 - 23:52
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега