Битолчанец се бори за живот - му паднало дрво на главата

 

Во петокот околу 12 часот, во атарот на битолското село Древеник, од пад на стебло при сеча на дрва, 45 годишниот Д.С. заработил повреди во главата.

Д.С. е пренесен во Медицински центар Битола каде му се констатирани тешки телесни повреди. Битолчанецот е неконтактибилен и се наоѓа во животна опасност.

 

најчитано сега