„Давај ги парите ако ти е мил животот" - ограбен маркет во Скопје
На улицата „Букурешка“ во маркетот „Тед“ во Скопје, синоќа околу 20 часот засега непознат сторител со закана со нож е извршено разбојништво над една вработена.
Според податоците од полицијата, крадецот успеал да одземе 18.135 денари.
Се преземаат мерки за откривање на сторителот.
13.08.2014 - 12:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа