Исчезна 15-годишно момче од Куманово - семејството во шок и тага

Семејство од Куманово е завиено во тага и болка откако пет дена го нема нивното чедо. Како што јавува Канал 5, минатата сабота 15-годишниот Ренат Џељадини, мистериозно исчезнал од кумановската депонија Краста кај селото Пчиња, додека му помагал на татка си во собирање пластични шишиња.

Таткото на малото момче се сомнева дека неговиот син единец е киднапиран. Додека собирале шишиња, неговиот син му се налутил и отишол позади нивниот мотокултиватор за да јаде. Оттогаш му се губи секаква трага.

Роднините и соседите велат дека тој бил мирно дете кое не се расправало со никого. Кога исчезнал носел црна маичка, црни тренерки, кратки зелени чизми и во себе имал 160 денари. Носел и мобилен но кога го побарале бил исклучен.

Семејството со солзи во очите раскажува дека требале сите заедно да го прослават неговиот 15 роденден пред да се случпи овој немил настан.

13.08.2014 - 15:07
Фото: 
канал5
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега