Полицијата потврди: Тинејџерка се фрлила од покривот на зграда во скопска Кисела Вода

 

19 годишна девојка попладнево си го одзела животот во скопската населба Кисела Вода. Полицијата ја потврди информацијата која ја објави Press24 но согласно праксата, кога станува збор за самоубиство не откриваат детали околу идентитетот на жртвата.
Според неофицијални информации од очевидци, девојката се фрлила од осмиот спрат од зграда во која не живеела. Не се знае како се нашла таму, ниту пак кои се причините поради кои се решила да си го одземе животот. Полициските екипи и останатите надлежни институции реагирале експресно. Увидот на лице место бил извршен многу брзо и телото веднаш било подигнато.

13.08.2014 - 21:38
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега