Одбележување на Денот на АРМ

По повод чествувањето на Денот на АРМ - 18 Август денеска на градските гробишта во Бутел во Скопје, е предвидена церемонија за полагање венци со свежо цвеќе со воени почести, на партизанските гробишта, на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, поранешниот претседател Киро Клигоров, како и на гробот на генерал Михаило Апостолски.

Венци со свежо цвеќе ќе положат министерот за одбрана Зоран Јолевски, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, како и делегации од Kабинетот на претседателот, на Собранието, на Владата, Сојузот на борците од НОВ, семејствата на поранешните претседатели на Република Македонија, Сојузот на резервните воени стрешини на Република Македонија и други.

14.08.2014 - 09:27
Фото: 
лидер
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега