Запленети над еден тон илегален алкохол во Бугарија
Бугарската полиција во Габрово заплени над еден тон илегален алкохол, јавува БТА.
Алкохолот бил откриен во комби од марката „Пежо Боксер“, кој бил во сопственост на жител на габровското село Јаворец, и претходно обвинуван за шверц на акцизни стоки.
При деталната проверка на возилото бил откриен резервоар во кој имало 1.010 литри 95,6-процентен етил алкохол, за кој би требало да се плати акциза во вредност од околу 5.000 евра.
18.08.2014 - 10:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа