"Се заколнал на гробот дека ќе го најдеме убиецот" - другарот на Лука раскажува за трагедијата

 

Нашиот другар ќе почива во мир дури кога ќе биде фатен неговиот убиец. Вака другарите на 21-годишниот Лука со солзи во очите зборуваат за големата трагедија во која го загубија другарот.

- Од погребот на Лука не сум отишол на неговиот гроб. На гробот се заколнав дека ќе го најдеме убиецот. Дури кога ќе го знаеме името и презимето на монструмот ќе отидеме на гробот на нашиот другар и ќе му кажеме дека го најдовме, вели неговиот другар Никола за српскиот Курир, момчето со кое Лука кобната ноќ ја туркал расипаната Лада кога на него налета криминалецот и го усмрти.

Инаку, полицијата соопшти дека убиецот на Лука е Марко Миличев кој е познат криминалец. Моментално се наоѓа во Турција.

18.08.2014 - 13:16
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега