Школа за млади лидери по иницијатива на претседателот Иванов

Во Охрид од денеска до 28 август ќе се одржи Школата за млади лидери што по петти пат се организира по иницијатива на претседателот Ѓорге Иванов.

Школата ќе ја отвори претседателот Иванов, а ќе се обратат и  поранешниот претседател на Република Србија Борис Тадиќ, сенаторот во Парламентот на Канада  Доналд Мередит, заменик-претседателот на телекомуникациската компанија ЗТЕ задолжен за Европа Ксиао Минг и професорот на Правниот факултет „Јустинијан Први" при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Зоран Илиевски.

Школата за млади лидери се одржува по лична идеја на претседателот Иванов. Школата е воспоставена по неговото стапување на функцијата Претседател на Република Македонија и се одржува на годишна основа. Досега се организирани четири интензивни тренинзи за лидерство во 2010, 2011 и 2012 и 2013 година. Идејата на претседателот Иванов е да им се овозможи на младите талентирани и амбициозни луѓе од Македонија да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и менаџерски способности.

Меѓу предавачите на четвртата Школа за млади лидери се поранешниот српски претседател, Борис Тадиќ, канадскиот сенатор, Доналд Мередит, потпретседателот на кинескиот телекомуникациски гигант ЗТЕ, Ксиао Минг, основачот на Пи Ворлд, Коста Петров, австрискиот престолонаследник надвојводата Карл фон Хабсбург, директорот на компанијата за јавни комуникации Расел од САД, Џејсон Мико, поранешниот приватен секретар на принцезата Дијана, Патрик Џефсон, асистентот на поранешниот американски претседател Роналд Реган, Мери Џо Џејкоби, директорот на Мултимод групацијата, Тафшир Авал, правникот Мухамед Мешиќ од БиХ.

 

19.08.2014 - 09:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега