Македонските градежни компании договориле работа во странство вредна 6 милијарди денари
Македонските градежни компании во првите шест месеци од годинава договориле работа во странство во износ од 6.046.991 илјади денари. Тоа е за 27,7 отсто повеќе од овој период ланската година, велат податоците на Државниот завод за статистика.
Градежната оператива од Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 616.615 илјади денари, што е за 41,8 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Забележан е зголемен обем на извршените градежни работи во Италија, Холандија, Швајцарија, Бугарија и Босна и Херцеговина, додека на другите пазари е регистриран намален обем.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа