Поповолна економската состојба на деловните субјекти

 

Економската состојба на деловните субјекти од областа на трговијата според нивните раководители во второт тримесечје годинава во однос на првото е поповолна, а како поволна ја оцениле и во однос на второто тримесечје од минатата година, објави Државниот завод за статистика.

Раководителите на деловните субјекти оцениле дека нивната финансиска состојба во второто тримесечје од 2014 година е поповолна во однос на првото тримесечје од 2014 година, како и очекувањата за економската
состојба во наредниот период. Раководителите на деловните субјекти оцениле дека количината на залихите во текот на второто тримесечје од
2014 година е зголемена во однос на претходното тримесечје.

Нивните оценки за очекуваните порачки за наредниот период се дека ќе се намалат, а очекувањата за бројот на вработените е дека ќе се зголеми во однос на првото тримесечје од 2014 година.

Раководителите оцениле дека движењата на продажните цени во второто тримесечје од 2014 година се на исто ниво како и во однос на претходното тримесечје.

Во второто тримесечје од 2014 година, во споредба со претходното тримесечје, оценката за очекувањата за продажните цени во нардените 3 месеци е дека ќе се зголемат.

Најголемо влијание на ограчувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на второто тримесечје од 2014 година имале слабата побарувачка на купувачите со 35,1%, зголемената конкуренција со 16,4%, зголемената понуда на пазарот со 15,0% и зголемените финансиски трошоци (камати) со 10,3 %.

МИА

19.08.2014 - 10:04
Фото: 
вест
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега