Македонци преживеале хорор во Грција - еве што им се случило

Пар од Македонија преживеал вистински хорор во Грција. Настанот се случил на втората ноќ од престојот во туристичкото место на вториот крак.

- Бевме сместени во студио и додека спиевме, во 3:30, некој ни провали во собата. Јас одеднаш се разбудив и видов силуета од човек пред креветот како бара нешто во натказната. Собата беше многу мала и тој стоеше веднаш до креветот. Имаше многу мала светлина од надвор и видов дека човекот е висок црнец со подолга коса. Почнав силно да викам и го разбудив мојот дечко кој спиеше до мене. Тој веднаш скокна од кревет и почна да вика на цел глас. Ограбувачот почна да бега и прескокна многу висок ѕид и го снема во темнината. Толку бевме исплашени што има човек во собата и не знаеме што сака да ни направи што не ни помисливме дека нè ограбува, раскажува парот за Економски.мк.

 Сите соседи се вознемириле од викањето, а сопственикот викнал полиција која не била многу заинтересирана.

Повеќе на Економски.мк.

19.08.2014 - 11:06
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега