Јанакиески: Да не се чека последниот рок за поднесување документи за легализација

 

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска присуствуваше на свеченото доделување решенијата за легализација на бесправно изградените објекти во просториите на општина Горче Петров. Тој изјави дека не треба да се чека до последен момент за поднесување документи за легализација.

Како што истакна министерот Јанакиески, до сега биле легализирани околу 100.000 објекти, откако во 2011 е започнат процесот за легализација.

-Денес во општината Ѓорче Петров заедно со градоначалникот Сокол Митрески  доделивме околу 40 решанија за легализација  кои пред се беа документи за легализација на индивидуални куќи. Сакам да истакнам дека општина Ѓорче Петров е една од општините каде што подобро се одвива процесот на легализација. Од информациите кои што ги добивме од општината има поднесено околу 11.000 барања за легализација  односно 10.995 и до сега се легализирани 3. 220  предмети, подвлече министерот.

-Оваа прилика сакам да ја искористам за да апелирам до сите корисници на социјална парична помош, да поднесат барање до подрачните единици на Агенцијата за катастар на недвижности, бидејќи измените на Законот за катастар и легализација влегоа во сила пред една недела. Овие законски измени овозможуваат Агенцијата за катастрар на недвижности за овие лица кои се приматели на социјална помош бесплатно да ги изготви геодетските елаборати. Тоа е една помош за да им се овозможи на овие лица  да ги легализираат своите куќи, рече Јанакиески.

Еден од најгоемите проблеми при процесот на легализација е тоа што граѓаните не поднесуваат геодетски елаборат.

19.08.2014 - 11:56
Фото: 
курир
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега