ФОТО: Секоја чест: Македонец ги освои светските врвови

Дваесет годишниот велешанец Тоше Велев се искачи на врвот Цумштајн (4.564 метри) кој се наоѓа на Апенинските алпи на границата помеѓу Италија и Швајцарија. Значајно е за ова искачување е тоа што алпинистите при искачувањето, поради големите глечерски пукнатини кои се наоѓаат на планинските предели, ја користат техниката на одење во наврска.

Велешанецот Тоше Велев иако е многу млад, може да се пофали дека досега ги има освоено врвовите Мон Блан (4.807 метри), Гран Парадизо (4.061 метри), Елбрус (5.642 метри) и многу други.

Во наредниот период негова желба е знамињата на Република Македонија и Општина Велес да ги постави и на врвот на Хималаите.

19.08.2014 - 14:32
Фото: 
фејсбук
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега