Браво за велешани: Велешките крводарители меѓу најхуманите во Македонија

Во одделението за трансфузиологија сместено во велешката градска Болница кое е во склоп на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје од почетокот на годинава до денеска се собрани 1851 крвни единици, или само во овој месец досега се собрани 135 крвни единици.

Тоа е резаултат на доброволните и самоиницијатвни крводарители од Велес и велешко кои секојдневно по  пет шест па и десетина пати се јавуваат во одделението да даруваат крв. Во овој биланс се и бројните акции кои го организираат екипи  на ова одделение како и на екипата за Трансфузиона медицина од Скопје.

Иако е лето и во некои од болниците во земјава недостига крв, тоа не е случај со велешката болница која е редовно снабдена со крв од сите крвни групи велат од одделението за трансфузиологија од Велес. Тие посочуваат дека воедно редовно испраќаат и крвни единици од сите крвни групи и за Институтот за трансфузиона медицина од Скопје,од каде пак доставуваат крвни единици за клиниките во Скопје и останатите болници во земјава, а кои имаат недостиг на крв.

-Со овој биланс од 1851 крвна единица иако е август скоро и да е реализиран годишниот план за крводарување во Велес од 1861 крвна единица, со што велешките крводарители со години докажуваат дека се најхумани во земјава, потенцира Миле Маџаров од Општинската Организација на Црвен крст Велес.

Маџаров воедно најавува и ги повикува сите граѓани на Велес да им се приклучат на веќе традиционалната летна солидарна акција за доброволно дарување на крв  која на 21 и 22 август ќе се одржи во Ликовниот салон во Велес. 

19.08.2014 - 14:51
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега