Тениското игралиште и салата во Вевчани ќе ги носат имињата на убиените момчиња

Тениското игралиште во Вевчани ќе се вика „Мате Ѓурчески“, а спортската сала „Владо Попески“ во чест на неодамна убиените вечанци.

- Мате и Владо беа пример за генерациите. Со овој чекор Вевчани им се оддолжува. Ова е признание за нивниот придонес во афирмацијата на Вевчани на спортски, културен и општествен план. Болката за нивната трагична и прерана смрт е голема и ненадоместлива. На овој начин Мате и Владо ќе останат запаметени од заедницата, смета градоначалникот на Вевчани Цветомир Угриноски.
 
Инаку, во Вевчани почна граѓанска иницијатива за враќање на смртната казна за извршени најтешки облици на кривични дела. 

19.08.2014 - 15:31
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега