Што ќе се случува со времето денеска?

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од девет до 17, а дневната од 29 до 34 степени.

Во Скопје времето утре ќе биде претежно сончево, со дневна температура до 32 степени.

Топло ќе биде и во охридско-преспанскиот регион каде дневната температура ќе достигне до 31, а во дојранскиот до 33 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно и потопло време, кон крајот на неделата ќе има услови за локална појава на краткотраен дожд. 

20.08.2014 - 09:05
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега