ЕЛЕМ ќе отпишува долгови на ранливите категории за топлинска енергија
АД „Електрани на Македонија“ се приклучи кон акцијата на Министерството за финансии за еднократно отпишување на долговите на граѓаните. Како што соопшти комапнијата, Управниот одбор на компанијата донесе одлука за отпишување на долговите на граѓаните за искористената топлинска енергија испорачана од подружницата на АД ЕЛЕМ, „Енергетика“.
Еднократното отпишување ќе се однесува на долговите за искористена топлинска енергија заклучно со 31 декември минатата година кои не се наплатени подолго од 12 месеци, а за кои е почната постапка за наплата. Правото на еднократно отпишување на долговите може да го остварат само граѓаните кои како должници ги исполнуваат условите од постојниот Закон.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа