Градежништвото во ЕУ не може да се опорави - во Македонија е локомотива на економијата

 

Градежништвото во Европската унија и натаму во негатива. Во јуни годинава споредено со истиот месец лани, градежниот сектор во ЕУ паднал за 2,3%, а во еврозоната за 0,5%, објави денеска европската статистичка служба ЕУРОСТАТ, пренесува Економски

Од земјите во ЕУ најголем пад бележи Романија (13,1%), Португалија (10,3%), а најголем раст има Словенија од 28,7%.

Со мали осцилации, градежништовто во ЕУ е во постојан пад од стартот на глобалната криза во 2007 година.

Минатата недела државната статистика ја објави редовната анкета меѓу менаџерите во градежниот сектор. Според резултатите, нивните очекувања се дека вториот квартал од оваа година ќе покаже подобри бројки од претходниот.

Ekonomski

20.08.2014 - 14:19
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега