Нови вработувања - Почнува изградбата на фабрика на италијанската компанија „ИТЕК“
Во Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово денеска ќе биде поставен камен-темелник на производствен погон на италијанската компанија „Итек“.
Инвестицијата е пет милиони евра и во првите две години се очекува да донесе 150 нови вработувања.
На настанот најавено е присуство на премиерот Никола Груевски и на министерот за економија Беким Незири.
Договорот за реализација на инвестицијата беше потпишан во јануари годинава.
21.08.2014 - 11:22
Фото:
денешен
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа