Му се насмеа среќата на охриѓанец - Ново Лото донесе добивка 6+1
Вчерашното 67 коло на Новолото кое се емитуваше на Сител Телевизија на 20.08.14, уште еднаш внесе многу возбуда кај играчите, посебно кај еден од нив. Имено ова коло ни донесе нов среќен добитник, овој пат на добивката 6+1 вредна 274.168,50 денари. Нашиот компјутерски систем лоцираше дека уплатата на среќното Новолото ливче е извршена на 17.08.14 во продажното место Владија во Охрид. Добитникот уплатил 2 комбинации НОВОЛОТО и 2 комбинации Џокер, се заедно 70 денари.
Само за потсетување, годинава уште двајца добитници на оваа премија. Во месец февруари, гостиварчанец кој сакаше да остане анонимен, беше добитникот на премијата 6+1, вредна 475.411,50 денари во 14то коло, а веќе во април имавме уште еден среќен добитник на оваа добивка. 27 коло емитувано на 02.01.14 го донесе добитникот на добивката 6+1 вредна 509.724,50 денари.
Новото 68 коло од НОВОЛОТО веруваме дека повторно ќе донесе многу забава, возбуда и добивки. Уплатата за него е во тек, а самото извлекување ќе може да го следите на Сител телевизија во сабота 23.08.14 од 20 ч.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа