Градот ќе се погрижи за погребите на самците кои се социјални случаи

Советот на град Скопје изгласа одлука со која на сите приматели на социјална помош, а кои немаат брачен другар или некој друг вид на наследници, (ваквата бројка не изнесува 10 до 15 лица годишно) ќе им биде овозможен достоен погреб чии трошоци ќе ги покријат сите општини односно градот, пренесува Мк news

Сите општини кои во своја надлежност имаат гробишта, а кои не спаѓаат под АД „Бутел“, отсега ќе мора да издвојуваат средства за лицата од посочените категории. 

Сите лица кои спаѓаат под оваа категорија кои ќе треба да бидат погребани на некои од гробиштата во Бутел, Камник и во Ѓорче Петров, трошокот за погреб ќе биде обезбеден од буџетот на градот.

Сумата која што општините ќе треба да ја обезбедат за овие лица изнесува помалку од 500 евра, од кои 11.824 денари за гробно место со бетонски фундамент и 17.050 денари за погребна опрема и за погребни услуги.

- Се работи за строго определена категорија на граѓани и нивната бројка не е поголема од 10 до 15 случаи во текот на една година. Но не важи за другата категорија граѓани што примаат социјална помош и оние што имаат свој брачен другар или друг вид наследници што се должни за спроведување на погребот – појаснуваат од градот.

25.08.2014 - 09:55
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега